• Gordian

    Systems

    е компанија за специјализирани информатички услуги и продукти лоцирана во Скопје, Македонија со фокус на услуги во Северна Америка.

  • КЕРИ

    Паметна

    Технологија

    Кери (Carrie) не е само производ, туку и услуга која овозможува следење и анализа на активностите на луѓе на кои што им е потребна грижа , насочена кон стари лица и лица со попреченост.

  • Современи

    Телеком

    Решенија

    Проектираме најсовремени, прилагодливи телеком решенија. State-of-the-art, Cloud-базирани VOIP комуникациски решенија, создадени од ветерани во Телеком индустријата.

Проект КЕРИ

Кери (Carrie) не е само производ, туку и услуга која овозможува следење и анализа на активностите на луѓе на кои што им е потребна грижа , насочена кон стари лица и лица со попреченост. Кери овозможува постојано следење во објектот каде што се одвива грижата, без разлика дали е индивидуален дом или пак место за заедничко домување.

Техничка поддршка

Нашот тим од професионалци, нуди техничка поддршка во областа на Интернетот, SaaS и телекомуникациите. Соработуваме со компании кои работат на американскиот пазар но и во Европа. Докажаниот квалитет гарантира професионална соработка и реализација на договорените проекти.

Телекомуникации

На полето на телекомуникациите нудиме најсовремени, прилагодливи телеком решенија. State-of-the-art, Cloud-базирани VOIP комуникациски решенија, создадени од ветерани во Телеком индустријата. Сопственици сме на софтер за телефонски системи, но и дизајнираме програми според потребите на клиентот.

Консалтинг

Долгогодишното искуство во сегментот на телекомуникациите се одразува на квалитетот во изработката на стратегии и проекти кои се реализираат на локално, но и глобално ниво. Нашиот инженерски и технички тим, нуди професионални консултации во делот на Интернет и телекомуникациите.

Квалитет

Од исклучителна важност е следењето на современите европски но и светски стандарди и трендови. Посветени сме на постојано усовршување и унапредување на нашето знаење и процеси со што нудиме врвен квалитет на нашите клиенти.

Тим

Тимот на Гордиан Системи се одликува со спој на ентузијазмот на младоста и искуството на ветераните. Високостручен и обучен инженерски кадар кој секојдневно се усовршува и надградува, гарантира професионална услуга и реализација на вашиот проект.

Кери (Carrie) не е само производ

Може едноставно да кажеме дека грижата за нашите најблиски е најважна, а со т.н. „паметна“ технологија грижата сега е олеснета благодарение на проектот „Кери“. Кери ја подобрува и поефтинува растечката потреба за грижа на стари лица, и лица со попреченост.

Проблем со кој се соочуваат сите Европски и Северно-американски земји. Брзиот начин на живот не дозволува доволна грижа од семејството па се почесто се ослонуваме на грижа во домовите за стари лица.

Дознај повеќе... Контакт

Наши Проекти

Нашиот Тим

Клиентите говорат за нас