Кери (Carrie) не е само производ, туку и услуга која овозможува следење и анализа на активностите на луѓе на кои што им е потребна грижа , насочена кон стари лица и лица со попреченост. Кери овозможува постојано следење во објектот каде што се одвива грижата, без разлика дали е индивидуален дом или пак место за заедничко домување.
А може едноставно да кажеме дека грижата за нашите најблиски е најважна, а со т.н. „паметна“ технологија грижата сега е олеснета благодарение на проектот „ Кери“. Кери ја подобрува и поефтинува растечката потреба за грижа на стари лица, и лица со попреченост. Проблем со кој се соочуваат сите Европски и Северно-американски земји. Брзиот начин на живот не дозволува доволна грижа од семејството па се почесто се ослонуваме на грижа во домовите за стари лица.
Нашата цел е да им помогнеме на другите сектори користејќи ја информатичката технологија да ги подобрат своите услуги, со тоа што ќе се овозможи подобра, поефтина, поквалитетна и постојана грижа на лицата на кои што им е најпотребна.