Освоено прво место на pitching натпревар

Во саботата на 5 ноември се одржа последниот настан од осум неделната програма организирана од Сеавус Инкубаторот во Скопје. Првиот јавен „Ден за демонстрација“, каде стартапи кои поминаа низ пред-акцелераторската програма на Сеавус Инкубатор ги презентираа своите бизнис идеи пред инвеститори, бизнис ангели, фондови на разичен капитал, технолошки развој и иновација. Пред-акцелераторската програма, дизајнирана и имплементирана од Сеавус Инкубатор, има за цел да ги подготви претприемачите и стартапите за изработка на прототип, рана промоција на производ или финансирање.

Вкупно 21 тим учествуваа во осум неделната програма, при што оние стартапи кои бараа инвестиции, застанаа на сцена за да ја „продадат“ својата идеја на заинтересираните инвеститори. Судиите, меѓу кои беше и Алан Шаф, основач и извршен директор на IMGUR, ги избраа најдобрите.

На овој pitching натпревар Гордиан Системи беа прогласени за победници меѓу 17-те стартапи кои учествуваа.